ДОКУМЕНТИ


Почитувани,

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, соочувајќи се со предизвикот за дизајнирање на градењето на капацитетите на избраните функционери на локално ниво и на општинската администрација, а во насока на понуда на квалитетни, соодветни и вистински потреби на општините спроведе низа активности.

Следејќи ги новите законски измени и потребите на општините, ЗЕЛС подготвува план за обука. Истиот се подготвува согласно детектирани потреби на единиците на локалната самоуправа преку професионалните мрежи на ЗЕЛС: урбанизам и градежништво, финансии, образование, енергетска ефикасност, информатичка технологија, животна средина, човечки ресурси, локален економски развој, пожарникари, правници, односи со јавност, евроинтеграции, сообраќај, даночни инспектори и инспектори за наплата на комунални и други такси.

МЕТОДОЛОГИЈА НА ОБУКА

А. Препорачани методи на учење:
Работа во групи
Практични примери
Работилница
Размена искуства
Работни посети
Интерактивно учење
Б. Активни техники:
Лекции
Вежби
Студија на случај
Дискусија
Прашања и одговори
В. Материјали на пакетот за обука:
Влезни и излезни прашања
Презентации
Основни материјали за вежби
Листи на дополнителни материјали
Евалуациски формулар
Материјалите се дистрибуираат по електронска пошта
Г. Писмен испит

Scroll to Top