чпп – Често поставувани прашања


1. За кого се наменети обуките?

Обуките се наменети за претставници на единиците на локалната самоуправа, избрани функционери, раководители, административни службеници и други вработени во општините, во зависност од конкретната област на обука.

2. Која е целта на обуките?

Целта е да се зајакнат знаењата, вештините и капацитетите на општинската администрација за поефикасно извршување на надлежностите на локално ниво.

3. Колку трае една обука?

Една обука најчесто трае еден работен ден, а во зависност од темата може да трае најмногу два дена.

4. Колку часа трае еден работен ден од обуката?

Еден работен ден од обуката трае околу 6 часа, со вклучени паузи.

5. Како е организиран работниот ден?

Работниот ден е поделен на повеќе сесии, со воведен дел, работни сесии, практични активности и завршна евалуација.

6. Дали обуките се поврзани со реалните потреби на општините?

Да. Темите се креирани според детектираните потреби на општините и професионалните мрежи на ЗЕЛС.

1. Кои методи на учење се користат?

Се користат работа во групи, практични примери, работилници, размена на искуства, работни посети и интерактивно учење.

2. Дали обуките се само теоретски?

Не. Обуките комбинираат теоретски дел, практични примери, дискусии, вежби и анализа на конкретни случаи.

3. Дали учесниците активно учествуваат во обуката?

Да. Обуките се замислени како интерактивен процес во кој учесниците дискутираат, поставуваат прашања и работат на практични задачи.

4. Што значи интерактивно учење?

Интерактивното учење подразбира активно вклучување на учесниците преку прашања, одговори, групна работа, примери од пракса и размена на искуства.

5. Дали се користат практични примери?

Да. Практичните примери се важен дел од обуката бидејќи им помагаат на учесниците полесно да ја применат стекнатата знаење во секојдневната работа.

1.Кои активни техники се применуваат за време на обуката?

Се применуваат лекции, вежби, студии на случај, дискусии и сесии со прашања и одговори.

2. Што претставува студија на случај?

Студија на случај е анализа на конкретна ситуација или проблем од пракса, со цел учесниците да предложат решение или да дискутираат за можни пристапи.

3. Дали има простор за прашања од учесниците?

Да. Во текот на обуката се предвидени делови за прашања и одговори, каде учесниците можат да побараат појаснување или да споделат конкретен проблем.

4. Каква е улогата на дискусиите?

Дискусиите овозможуваат размена на мислења, споредување на различни практики и подобро разбирање на темата.

5. Дали се работи индивидуално или во групи?

Во зависност од темата, активностите можат да бидат индивидуални, групни или комбинирани.

6. Зошто се користат вежби?

Вежбите им помагаат на учесниците практично да го применат наученото и полесно да ги разберат процедурите, правилата и методите.

1. Какви материјали добиваат учесниците?

Учесниците може да добијат презентации, материјали за вежби, дополнителни материјали, влезни и излезни прашања и евалуациски формулар.

2. Како се доставуваат материјалите?

Материјалите најчесто се доставуваат електронски, преку електронска пошта.

3. Дали учесниците добиваат презентации?

Да. Во зависност од темата, може да бидат доставени листи на дополнителни материјали и документи за самостојно користење.

4. Што се влезни и излезни прашања?

Влезните прашања служат за проверка на почетното знаење на учесниците, а излезните прашања за проверка на стекнатото знаење по завршување на обуката.

5. Дали материјалите можат да се користат по завршување на обуката?

Да. Материјалите може да се користат како потсетник и поддршка при секојдневното работење во општината.

1. Дали се врши проверка на знаење?

Да. На почетокот и на крајот од обуката може да се врши проверка на влезно и излезно знаење

2. Зошто се прави проверка на влезно знаење?

Проверката на влезно знаење помага да се утврди почетното ниво на познавање на темата кај учесниците.

3. Зошто се прави проверка на излезно знаење?

Проверката на излезно знаење покажува колку учесниците ја совладале содржината од обуката.

4. Дали учесниците пополнуваат евалуациски формулар?

Да. По завршување на обуката може да се пополни евалуациски формулар за оценка на квалитетот на обуката.

5. Што се оценува преку евалуацијата?

Се оценува корисноста на темата, начинот на предавање, материјалите, организацијата и применливоста на стекнатото знаење.

6. Дали се следи примената на знаењето по обуката?

Да. Во одредени случаи може да се врши дополнителна проверка преку прашалници, телефонски контакт или посети на општините.

1. Дали по обуката може да има писмен испит?

Да. Во зависност од програмата и темата, по завршување на обуката може да се спроведе писмен испит или проверка на знаење.

2. Која е целта на писмениот испит?

Целта е да се провери дали учесниците ја совладале содржината и дали можат да го применат стекнатото знаење.

3. Какви прашања може да содржи испитот?

Испитот може да содржи прашања поврзани со темите обработени за време на обуката, практични ситуации и примена на законски или процедурни правила.

4. Дали прашањата се базираат на материјалите од обуката?

Да. Прашањата најчесто се поврзани со презентациите, вежбите, дискусиите и материјалите доставени за време на обуката.

5. Дали учесниците треба да се подготват пред испитот?

Да. Се препорачува учесниците да ги прегледаат материјалите, презентациите и белешките од обуката.

6. Дали се следи примената на знаењето по обуката?

Во зависност од правилата на конкретната програма, може да биде предвиден дополнителен или поправен термин за проверка на знаење.

Scroll to Top